Во Атина одржан собир во чест на жртвите во пожарите

Со свеќи во рацете и со едноминутен молк, тивко, мирно, Грци од сите возрасти се собраа синоќа на атинскиот плоштад Синтагма пред грчкиот Парламент и пред споменикот на незнајниот јунак за да им оддадат почит на жртвите од пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.
Со свеќите формираа срце, а во него бројките 23 и седум односно датумот на катастрофалните пожари - 23 јули, во кои загинаа 91 лице, а 25 се водат за исчезнати.
„Едно извини од нас, до сите вас таму горе“ е настанот организиран преку социјалните мрежи од поранешниот грчки кошаркар Јанис Гагалудис, кој ги повикува граѓаните вечерва во 21 часот со свеќи во рацете да им оддадат почит на жртвите во катастрофалните пожари.
- Можеби никој не се извини, сметам дека нашето извини за овие дечиња, за овие луѓе што загинаа е најмалку што можеме да направиме, објави кошаркарот на неговиот Фејсбук профил и ги повика граѓаните да му се придружат.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
