Во Атина, наместо во Солун Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција
Наместо во Солун, како што беше првично закажано, петтиот Висок совет за соработка меѓу Грција и Турција, ќе се одржи во Атина, на 7 декември, соопштија утрово од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Според Министерството за надворешни работи на Грција, промената на локацијата е по согласност меѓу двете страни.
Состанокот се очекува да биде на највисоко ниво со учество на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
Мицотакис, за време на неговото синоќешно учество на дискусија во Берлин, организирана од Фондацијата Конрад Аденауер, се осврна и на односите со Турција, велејќи дека во последните месеци има деескалација на тензиите и го очекува претседателот Ердоган во Грција за, како што рече, да постават позитивна агенда и да не дозволат долгогодишните несогласувања да ескалираат до точка на ризик од воен конфликт.
-Целосно не се согласувам со коментарите на претседателот Ердоган во врска со Хамас. Не верувам дека сум единствениот европски лидер што ќе го каже ова.
Во исто време, ова не е причина да не го пречекаме претседателот Ердоган во Грција.
Ќе зборуваме за нашите билатерални односи, ќе зборуваме за односите меѓу Турција и Европа, кои, повторно ќе кажам, многу јасно се дефинирани со одлуките донесени во Европскиот совет.
Секогаш се трудам да бидам конструктивен и да ги решавам проблемите наместо да додавам дополнителни тешкотии, рече Мицотакис.
Ново на Сител
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?