Во антивладините протести во Етиопија убиени 140 демонстранти
Во текот на изминатите два месеца во антивладините протести во Етиопија против плановите на власта да ја прошири престолнината Адис Абеба на околното земјоделско земјиштеубиени се најмалку 140 лица, соопшти денеска хуманитарната организација „Хјуман Рајтс Воч“ (ХРВ).
-Безбедносните сили убиле најмалку 140 демонстранти и повредиле многу поголем број, ни наведуваат локални активиста, што може да биде најголема криза во Етиопија од постизборното насилство во 2005. година, изјави Феликс Хорн од ХРВ, а пренесоа француските медиуми.
Бројот на погинати што го објави оваа организација за човекови права е речиси двојно поголем во однос на бројот од изиминатиот месец, од 75.
Владата на Етиопија засега не ги коментарира најновите податоци за бројот на жртвите, а самата претходно објави дека во протестите погинале пет лица.
Демонстрациите почнаа во ноември кога студентите се спротивставија на плановите на Владата да преземе територија на неколку градови во регионот Ороми, што ги поттикна стравувањата дека Адис Абеба се обидува да ја грабне земјата што традиционално ја населува народот Оромо, најголемата етничка група во Етиопија.
Ново на Сител
-
Бајден помилувал 39 лица за ненасилни кривични дела, а им ги намалил казните на 1.500
-
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот
-
Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица
-
Отстранети неколку диви депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел
-
Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха