Во Анкара во тек е голема операција против „Исламска држава“
Во Анкара во тек е голема операција против „Исламска држава“, откако американската Амбасада соопшти дека денеска ќе биде затворена поради безбедносни причини.
Електронското издание на весникот „Хуриет“ прецизира дека се издадени налози за апсење на 20 лица, а досега се приведени 12 осомничени.
Турците медиуми ги објавија овие информации повикувајќи се на главното обвинителство во Анкара, додавајќи дека операцијата ја спроведува одделот за борба против тероризмот.
Амбасадата на САД во Анкара синоќа соопшти дека денеска ќе биде затворенa поради безбедносни причини, и оти ќе работи само за итни случаи, додека интервјуата за издавање визи и други рутински услуги се откажани. Амбасадата дополнително ќе објави кога повторно ќе почне со работа.
По соопштението на Амбасадата, локалните власти на Анкара соопштија дека во целиот град се зајакнати безбедносните мерки за да се спречат евентуални терористички напади. Турските медиуми јавија дека градски власти добиле сигнал од Американската амбасада во Анкара за можни терористички напади врз службеници на Амбасадата или Американци кои живеат во главниот град на Турција.
Курдската работничка партија и „Исламска држава“ во 2015 и 2016 година извршија неколку терористички напади во Анкара, во кои загинаа многу војници, и многумина беа повредени. Турските медиуми потсетуваат дека минатата година во Анкара немало такви инциденти.
Ново на Сител
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце
-
Студено време и врнежи од снег, пообилни во западните делови од земјава
-
„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина
-
Нетанјаху испраќа високи преговарачи на разговорите во Катар за постигнување договор за заложниците
-
Силекс ги почна подготовките
-
Околу 50 повредени во судир на два трамваи во Стразбур, петмина потешко
-
ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште
-
Папата Франциск упати сочувство до жртвите од пожарите во Лос Анџелес