Во американскиот Сенат претставен нацрт-закон за демократија и просперитет на Западен Балкан

Во американскиот Сенат беше презентиран нацрт-законот за демократија и развој на Западен Балкан, чија цел е да се поддржи економскиот развој на регионот преку иницијативи за инфраструктура, трговија и борба против корупцијата, вклучувајќи го и дефинирањето на санкциите за „одвраќање на дестабилизирачките активности на Западен Балкан“.
Нацрт-законот за демократија и просперитет на Западен Балкан го претстави сенаторката Џин Шахин, која неодамна ја предводеше конгресната делегација со сенаторите Крис Марфи и Том Тилис во посета на Балканот, заедно со републиканскиот сенатор Роџер Викер. Тие се и предлагачи на нацрт-законот.
– По неиспровоцираната војна на Русија во Украина и јасните амбиции на Путин да шири малигно влијание низ Источна Европа, односот на САД со Западен Балкан е од клучно значење. Затоа сум горда што презентирама нов, двопартиски закон кој ја зајакнува трговијата и инвестициите меѓу САД и Западен Балкан, истовремено ја искоренува локалната корупција и ги дефинира санкциите против дестабилизирачките актери, што го отвора патот за поголема евроатлантска интеграција, истакна Шахин.
Со нацрт-законот се покренува антикорупциска иницијатива, која му наложува на државниот секретар Ентони Блинкен да обезбеди техничка помош за секоја земја од Западен Балкан во развојот на националната антикорупциска стратегија.
Исто така, се поттикнуваат универзитетски партнерства, ангажман на Мировниот корпус во регионот, создавање на балканска иницијатива на млади лидери и се бара од Американската развојна финансиска корпорација да отвори претходно најавена канцеларија во регионот.
Сенаторот Марфи оцени дека одржувањето на мирот на Балканот е од клучно значење за европската безбедност. Тој нагласи дека овој закон ќе ги зајакне врските меѓу САД и Балканот, ќе ги прошири економските можности и ќе ги поддржи напорите за унапредување на демократијата, како и за искоренување на корупцијата.
Ново на Сител
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
-

Полицијата во Њујорк застрела жена која претходно со ножеви нападнала две лица на „Тајмс сквер“
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби
