Во Алепо во сила влезе хуманитарната пауза

Во Алепо, познат како „северната престолнина“ на Сирија, каде владините сили опколија области, кои се под контрола на бунтовничките групации, денеска во сила влезе хуманитарната пауза.
Сириската армија соопшти дека прекинот на огнот ќе трае од девет до 19 часот по локално време, јави ТАСС.
- Откако војниците успешно се справија со сите обиди на вооружените групации да ги пробијат блокадите во источните региони на Алепо, командата на сириските вооружени сили донесе одлука со цел избегнување на неотребно крвопролевање да воведе уште една хуманитарна пауза. За време на паузата ќе бидат отворени сите коридори за движење на цивилите и борците, кои можат да го задржат своето оружје, посочи воената команда.
Сириските војници повторно ги повикаа бунтовниците да го почитуваат примирјето и да го напуштат Алепо преку двата коридора наменети за нив. На 20 октомври сириската Влада и војската презедоа операција за евакуција на цивилите и ранетите, како и за извлекување на вооружените борци од источните квартови.
Радикалните групации сепак го осуетија примирјето, отворајќи оган кон квартовите, низ кои минуваат коридорите и а не им дозволија на жителите да ги напуштат опколените зони.
Ново на Сител
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
-

Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците
