Во Алепо се откриени масовни гробници
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските војници во регионите од северниот сириски град Алепо, што до неодамна беше под контрола на бунтовниците, во повеќе масовни гробници пронашле мртви тела врз кои имало траги од мачења, а некои дури биле и осакатени, пренесоа американските медиуми.
Портпаролот на министерството, генерал-мајор Игор Конашенков, изјави дека откриени се „масовни гробници на неколку десетици Сиријци, кои претрпеле ѕверски мачења и колења“.
Некои од телата биле осакатени, а на некои имало прострелни рани.
Русија во Алепо испрати воена полиција, откако градот во текот на овој месец целосно беше заземен од силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Конашенков притоа ги критикуваше бунтовниците, кои го контролираа источниот дел од градот, дека поставиле мини и други експлозиви што претставуваат закана за животот на цивилното население.
Ново на Сител
-
Точно ќе се знае за кој проект, колку пари ќе бидат наменети, вели Мицкоски за средствата што ќе им бидат дадени на општините
-
Тошковски: Нова полициска станица во oпштина Бутел, подобри услови за полициските службеници за поквалитетни услуги за граѓаните
-
Замениците министри ќе бидат познати до крајот на неделава, на владина седница утре укинување на економските директори
-
АМСМ: Од денеска до 31 август забрана за движење на тешки товарни возила при екстремно високи температури
-
Таравари: Работиме на решение за компресоприте во хируршките сали
-
УХМР: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град
-
Владата планира разузнавачките служби да функционираат во една агенција
-
Македонскиот амбасадор во Албанија на средба со министерот Муцунски по објавените податоци од пописот