Свет
1. July 2024 - 8:22

Осумнаесет израелски војници ранети во напад на дрон извршен од Хезболах

Израелската армија синоќа соопшти дека 18 нејзини војници се ранети во напад со беспилотно летало што го изврши проиранската милиција „Хезболах“ од јужен Либан врз цели во северен Израел, јави ДПА.

Израелските воздухопловни сили одговорија на нападот со беспилотно летало со напад на позиции на Хезболах во јужен Либан. Од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври, Израел секојдневно разменува оган со Хезболах во пограничната област со Либан. Радикалната група вели дека Израел мора целосно да ја прекине војната во Газа против својот сојузник, палестинското исламистичко движење Хамас, со цел да престане да го гранатира Израел.

Во последно време борбите значително се интензивираа.