Во Александруполи пристигна пловната единица за складирање и регасификација, ќе ја снабдува и Северна Македонија со природен гас
Специјално прилагодениот танкер „Александруполис“, односно пловната единица за складирање и регасификација (FSRU) доплови до грчкиот град Алекскандруполи, од каде што, откако ќе биде ставена во функција, веројатно во првиот квартал од 2024 година, ќе снабдува со приоден гас низа земји, меѓу кои и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Од компанијата „Гастрејд“, која е оператор на проектот соопштија дека пристигнувањето „во голема мера го означува финализирањето на изградбата на овој водечки национален и регионален проект“.
-Во следните денови, пловната единица (FSRU) се очекува да биде закотвена преку распространет систем за прицврстување со 12 точки, потоа ќе биде поврзан со подморскиот и копнениот гасовод за пренос на гас под висок притисок, кој штом ќе профункционира ќе испорачува природен гас до грчкиот преносен систем и од таму до крајните потрошувачи во Грција, Бугарија, Романија, Северна Македонија, Србија и понатаму до Молдавија и Украина на исток и Унгарија и Словачка на запад. Терминалот, по финализирањето на сите активности за тестирање, се планира комерцијално да профункционира во првиот квартал од 2024 година и ќе има максимален одржлив капацитет за регасификација од 5,5 милијарди кубни метри годишно, соопштија од „Гастрејд“.
[пловна единица Александруполи]
Претседателката на Управниот одбор на компанијата и основачки акционер Елмина Копелузу истакна дека „пристигнувањето на првиот танкер со специјална намена, ја означува реализацијата на пловната единица и го трасира патот кон отпочнување на проектот ЛНГ Александруполи“.
Извршниот директор на „Гастрејд“ Костис Сифнеос посочи дека „терминалот ќе биде нова влезна точка за природен гас, зајакнувајќи ги регионалната соработка и безбедноста на снабдувањето“.
Танкерот, односно пловната единица што го доби името „Александруполис“, во чест на општината и граѓаните, пристигна вчера во грчкиот град, откако на 26 ноември отплови од Сингапур, каде што ја заврши речиси десет месечна пренамена во тамошното бродоградилиште.
Проектот е кофинансиран од средства на Европскиот фонд за регионален развој на Европската Унија преку Оперативната програма „Конкурентност, претприемништво и Иновации “ во рамките на НСРФ 2014-2020 година.
Во мај минатата година во присуство на премиерите на Северна Македонија, Грција, Бугарија, на претседателот на Србија, како и на претседателот на Европскиот совет во Александруполи се одржа свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG).
Ново на Сител
-
Прекината седницата на Советот на Град Скопје на која се очекуваше да се расправа за дивоградбите во Чаир
-
Божиновска: Соларни покриви, стабилни сметки - Македонија гради енергетска иднина за сите
-
Мицкоски: Извозот во овој квартал се стабилизира, иако постои силен предизвик со кризата во автомобилската индустрија
-
УХМР: Мај постуден од вообичаено и нормално врнежлив со исклучок на Охрид
-
Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП
-
Трет ден протест на дел од медицинскиот персонал и техничка служба од Клиничка болница Тетово
-
УКИМ не е меѓу најдобрите 2.000 универзитети според CWUR
-
Манасиевски: Судијата кој одлучувал за враќање на пасошот на Јахоски треба да се разреши