Во Албанија за првпат овој месец двоцифрена бројка новозаразени
Во Албанија во последното деноноќие потврдени се 84 случаи на Ковид-19 што е прва двоцифрена бројка овој месец, во кој во просек дневно беа регистрирани по над 150 новозаразени.
-Од тестираните 796 сомнителни случаи, Ковид-19 е дијагностициран кај 84 лица, најмногу од нив или 28 се во Тирана и по 12 во Драч и Скадар, останатите се во речиси сите региони во земјата. Исто така во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се впишани 97 додека починале четворица пациенти, информираше Ровена Даја од Институтот за јавно здравје.
Според неа до сега во земјата направени се 61.214 тестови, позитивни на вирусот биле 9.279, оздравеле 5.020, додека починале 275 лица.
Моментно активни на болеста се 3.984, од нив 175 се хоспитализирани во двете ковид болници, при тоа 26 се во тешка здравствена состојба.
Познати албански лекари од оваа област и денеска побараа од Министерството да се зголеми бројот на тестирања и да се прават повеќе 2.500 тестови дневно.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии