Во Албанија за пет години ветингот „отстрани“ 347 судии и обвинители
Во изминатите пет години, од кога почна процесот на испитување на потекло на имот, познат како ветинг, од правосудниот систем во Албанија, заминале 347 судии и обивнители.
-Независната комисија за оценка (КПК), разрешила 240, додека 107 поднеле оставки пред, на почетокот или за време на контролата на нивното богатство и професионалност. Од друга страна 308 го поминале ветингот, објави весникот „Тема“.
Според законот и доколку сами поднеле оставка не можат да бидат именувани за судија или обвинител, член на Високиот судски совет или на обвинителството, висок инспектор за правда или генерален обвинител во период од 15 години.
-Најпроблематични беа судиите, за кои беше утврдено дека имаат проблеми главно поврзани со имотот, за што и беа разрешени во 138 случаи. Истото се однесува и за оние кои сами поднеле оставка, додава истиот извор.
Во овој петгодишен период КПК суспендирала двајца судии и ги испрати уште еднаш во Академијата за судии и обвинители откако биле констатирани професионални недостатоци. Во меѓувреме, во 47 други случаи, поради пензионирање, КПК ја затворила проверката без конечна одлука.
Во моментов, комисијата во свои раце ги има досиејата на последните 95 судии и повикувајќи се на годишниот просек на одлуките донесени во овие години од Комисијата кои се 100, нивната проверка може да се затвори во рок од една година.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја