Во Албанија полицискиот час покус во работните денови, продолжен за време на викендот
Со новата одлука на албанската Влада, од денеска полицискиот час во работните денови ќе трае покусо од досега за четири и пол часа, односно наместо од 13:00 ќе почнува во 17:30 часот и ќе трае до 5:00 часот.
За половина чес се зголемува и дозволеното време за пазарење и сега членот од семејство кој има дозвола за излез ќе може да остане надвор и да ги купи потребните намирници за час и половина. И понатаму останува целосната забрана за излез од дома на пензионери, односно повозрасни лица.
Од денеска, дел од бизнисите на кои им беше дозволено да работат и по прогласувањето на вонредната состојба, наместо до 13:00 ќе работат до 17:30 часот.
Инаку,со последната одлука полицискиот час за викендот ќе почне во петок од 17:30 часот до понеделник во 5:00 часот, што значи зголемување за еден ден споредено со претходните три викенди.Тогаш нема да работат ниту аптеките. Единствено исклучок ќе се прави за транспортот
на стока, полицијата, брзата помош и медиумите.
Албанија на 25 март, кога беа дијагностицирани 123 заразени и петмина починати, прогласи вонредна состојба поради „природна катастрофа“на целата територија на земјата во период од 30 дена.
Забрани групни собирања, воведе полициски час од 13:00 до 5:00 часот, а од деветти март кога беше регистриран првиот случај со Ковид-19 ,го забрани воздушниот и поморскиот сообраќај. Неколку денови потоа ги затвори и сите гранични премини.
Ново на Сител
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Влада: Уставните измените со одложено дејство се се уште во игра
-
Мицкоски: Сакаме да биде конструктивни но не плашат билатералните прашања
-
Италија сè уште ги признава само возачките дозволи со „Република Македонија“
-
Коцевски демантира дека вршел притисок врз обвинители