Во Албанија под сомнение за шпионажа уапсени и четворица чешки државјани
– По инцидентот во воениот објект во Грамш, кога беа уапсени двајца руски и еден украински државјанин, кај воен објект во Пулиќан, Берат, уапсени се чешки државјани, кои исто така се сомничат за шпионажа.
Тие си приведени откако со оштетување на влезна врата влегле во објектот, шетале низ тунелите и фотографирале и снимале.
Во официјалното соопштение на албанското Министерство за одбрана се наведува дека е интервенирано откако е забележано движење на неидентификувани лица околу и во објектот.
– Уапсени се четворица чешки државјани, двајца мажи и две жени. Мажите влегле во еден од тунелите, кои се функционални меѓу себе, со кршење на влезната врата, снимале и фотографирале. Воената полиција во соработка со државната полиција веднаш ги изолира влезовите во тунелите, што речиси сите се меѓусебно поврзани, а по извршената контрола привеле двајца чешки државјани, се наведува во соопштението.
Исто така се додава дека надвор од објектот биле затекнати и приведени двете чешки државјанки, кои исто така фотографирале.
Според првичните информации, Чесите влегле во тунелот во кој се наоѓале машини за производство на делови за противвоздушна опрема.
АБЦ њуз објави фотографии од апсењето и од внатрешноста на тунелите, а сите медиуми без исклучок наведуваат дека ова е втор случај за 24 часа на откривање странци и апсење под сомнение за шпионажа“ опасни по националната безбедност“.
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
