Во Албанија патарина ќе се воведе на девет патни правци
Меѓународните советници избрани од албанската влада за подготовка на национална стартегија за воведување патарина на албанските патишта предлагаат тоа да се воведе на девет позначајни патишта.
-Документот подготвен од страна на "Euro Consultants" на сметка на владата предлага на деветте патишта постепено да се воведува патарина. Во првата фаза треба да бидат опфатени автопатот Тирана-Драч,Тирана-Елбасан, автопатот Драч-Кукс и автопатот Руга е Арбрит по завршување на изградбата,-пренесува тиранската телкевизија Топ-чанел.
По воведувањето патарина на споменатите патни правци, се предлага тоа да се применува и на патните правци Леван-Валона и Драч-Фиер. Во третата фаза ќе бидат опфатени Леван-Тепелена, Елбасан-Капштица и Тирана-Хан Хоти.
-Како што се предлага треба да се плаќаат од 0,5 до 3,5 центи за секој километар. Тоа значи дека на пат во должина од 100 километри секој автомобил на име патарина треба да плаќа по 3,5 евра за да може да помине. Според стратегијата овие средства ќе се користат за одржување на постојните и изградба на нови патишта, - наведува телевизијата.
Светска банка предвидува дека на Албанија и се потребни 400 милиони долари за одржување на патиштата во земјата во следните четири години и оти, според Топ-чанел, дел од овие средства може да се приберат од плаќање патарина.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница