Во Албанија официјално регистрирани 60.000 корисници на дрога
Официјалната статистика потврдува дека во Албанија има околу 60.000 корисници на дрога, но според експертите. реалната бројка е неколкупати повисока.
Како што јави допсиниокот на МИА, според официјалните податоци, околу 20 отсто од овие лица се зависници од хероин,15 проценти од кокаин, додека останатиот број се уживатели на марихуана.
- Дневно во нашиот центар метадон примаат околу 250 лица. Меѓутоа, во текот на мојата десетгодишна работа, сфатив дека метадонот не е решение, туку со него само се ублажува проблемот, оценува Пашо Максути, прихијатар од Центарот за лекување од дрога „Акција+“.
Тој додава дека иако штетата во некои случаи е голема, сепак постојат многу шанси зависниците да се вратат во нормален живот.
- Метадонска терапија не е ограничена и може да продолжи во текот на целиот животот, но на крајот има само еден лек. Едноставно, не ја пробувајте дрогата, советува Максути.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Да ја надминеме духовната и моралната криза и да се вратиме на вистинските вредности
-
Путин и Ким Џонг-ун ќе присуствуваат на воената парада во Пекинг на 3 септември
-
Жрепката за Лигата на шампиони денеска во Монако
-
Три лица осомничени за убиството пред казино во Кавадарци
-
Зеленски: Најмалку осум лица загинаа во напад врз Киев, меѓу нив и едно дете
-
Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
-
Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“