Во Албанија нови 15 случаи со Ковид-19, вкупно заразени 212 лица
Бројот на заразени со „Ковид-19“ во Албанија се зголеми на 212 лица. Според податоците објавени од Министерството за здравство во последните 24 часа, дијагностицирани се 15 нови случаи.
– Во последните 24 часа се тестирани 111 сомнителни случаи, при што ново дијагностицирани се 15 случаи. До денеска, тестирани се 1.436 сомнителни случаи и од нив потврдени се 212 случаи. Десет од заразените починаа додека 40 се излекувани. Во моментов има 76 лица хоспитализирани во Инфектвната клиника во Тирана,од нив шест се на интензивна нега, од кои четворица се интубирани. Останатите се во стабилна состојба до овој момент, изјави заменик-министерката за здравство Мира Ракацоли.
Таа додаде дека мапата на заболените е проширена со градот Мирдита, а бројот на заболени се зголемува во Тирана, Драч и Фиер.
Според местото на живеење најголем број од заразените се од Тирана или 121 лице, од Фиер 22, Корча и Драч по 12, Валона, Елбасан, Скадар Лежа и Круја по пет, Љушња и Каваја по четири, Пук и Тропоја по 3,Рогожина и Хас по два, Берат и Мердита по едно лице.
Албанското Министерство за здравство и социјална заштита уште еднаш упати апел до граѓаните да не одат веднаш во болница туку да се посоветуваат со нивиот семеен лекар, а за информации за новиот коронаврус да се обратат и на специјализираните телефонските линии.
– Ве замолуваме, продолжете да седите дома затоа што тоа е единствениот начин да можеме да го надминеме овој предизвик, порача Ракацели.
Ново на Сител
-
ФБИ: ДНК пронајдена на местото на убиството на Кирк му припаѓа на осомничениот Робертсон
-
Со нетрпение чекам да ја поднесат резолуцијата за црвените линии со Бугарија, ќе имаме наши позиции, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Експертите ни говореа дека најмалку 7 дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, ние го изгасивме за помалку од 30 часа
-
Со одлука на министерот Изет Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак
-
Гиновска: Има надминување на дозволените вредности на гасовите во воздухот од пожарот во Трубарево, а за присуството на тешки метали ќе се знае во петок
-
ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
-
Двојно убиство и самоубиство попладнево во Велес
-
Победа на Андријано Димишковски во осминафиналето денес