Во Албанија е идентификуван првиот случај на мајмунски сипаници
Во Албанија е потврден првиот случај на мајмунски сипаници, заразно заболување кое е дијагностицирано кај млад човек на возраст од триесеттина години, објави Топ чанел.
Според медиумот, пациентот бил изолиран веднаш по потврдувањето на дијагнозата.
Здравствените власти се мобилизирани за да ги пронајдат неговите контакти и да го спречат понатамошното ширење на болеста.
-Mладиот човек патувал во странство, барем така им кажал на лекарите кои го поврзуваат како причина за инфекцијата, бидејќи досега во Албанија не се идентификувани случаи на мајмунски сипаници или барем не се пријавени случаи од Институтот за јавно здравје, наведува телевизијата.
Симптомите на оваа болест се треска, болки во телото, отечени лимфни јазли, црвенило и осип што се претвораат во плускавци со кора. Тие обично се појавуваат на рацете, лицето и гениталиите. Мајмунските сипаници се шират преку директен контакт со заразени лица, како што е контакт кожа на кожа или интимен однос. Но, едно лице може да се зарази и преку контакт со контаминирани предмети како што се чаршафи, крпи или облека.
Ново на Сител
-
Лукровски презентираше план за Карпош
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен