Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
Албанскиот министерот за одбрана Пиро Венгу изјави дека денеска има 30 активни пожари низ целата земја, од нив пет се најкритични.
За медиумите подвлече дека продолжува максималната ангажираност за гаснење на пожарите од земја и воздух и изрази благодарност до земјите кои се одѕвале за помош.
-Покрај противпожарни единици, армиски и полициски сили, доброволци, во гаснењето на пожарите вклучени се еден „Канадер” од Хрватска, два авиони PZL од Грција, два „Блек Хок” хеликоптери од нашата армија, по еден од Чешка и Словачка и два од Обединетите арапски емирати, рече Венгу.
Од Поличан, каде што ја следеше ситуацијата на терен, Венгу нагласи дека повеќето пожари се намерно подметната, но има и такви што се реактивираат како резултат на неможноста да се контролираат сите опожарени области по нивното гаснење.
Според него најкритична е состојбата во Поличан, Рогожина Каваја, Сири и Каљтер и Зал -Хер кај Тирана.
-Во овие моменти, во Зал-Хер се води силна битка со пламените јазици. Дали случајно или не, пожарот е помеѓу два армиски објекти, бесмислено дури и од историска гледна точка. Се обидуваме со сите структурите, да го изгаснеме. Но, треба детално да се истражи, рече тој.
Високите температури кои се над 40 степени, ветерот, и недостапните терени, додава Венгу, дополнително го отежнуваат гаснењето на пожарите.
Во неколку населени места жителите се евакуирани, како и „над 100 туристи од туристичкото место Сири и Каљтер, кое е заштитено природно богатство”.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години