Во Албанија 34 новозаразени со Ковид-19

Во Албанија, во последното деноноќие регистрирани се нови 34 случаи на Ковид-19 што е двојно повеќе споредено со вчера.
-Од извршените 247 тестови, позитивен резултат е покажан кај 34 од нив, што е за 19 случаи повеќе споредно со вчера. Иако денеска има голем број случаи, повеќето се асимптоматски, односно без знаци на заболување и главно се контакти со претходно заболени. Од вкупниот број новозаразени дури 18 се во Круја, кое е ново жариште на болеста, по појавата на заразени во производствен погон, стои во соопштението на Министерството за здравство и социјална заштита.
Според истиот извор во последните 24 часа оздравеле девет пациенти или вкупно до сега 403,додека не е регистриран случај на починат.
-Од почетокот на март до сега тестирани се 7.015 сомнителни случаи и потврдени се позитивни 712, односно околу 10 отсто од вкупниот број тестирани. Моментно 282 лица од вкупно заболените се активни со „Ковид-19“ и како што се гледа, процентот на закрепнување е поголем. Овој тренд продолжува да биде стабилен, наведува министерството.
Исто така информира дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ на лекување се 40 пациенти, од нив осум се на интензивна терапија, од кои тројца се интубирани.
Најголем број од заболените и понатаму се од Тирана (289), потоа од Скадар (103), Курбин (83) лица.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
-

Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани го празнуваат Божиќ
-

Кај кого се падна паричката за Бадник во домовите на политичарите?
-

„Празници за сите, Божиќ за сите“, хуманитарна акција во Општина Босилово
-

Се додели орденот за Носител на мир, како и плакети за пријатели на децата
