-->
-->
Во акцијата „Децата на Русија - за децата на Сирија“ доставени 45 тони новогодишни подароци
-->
Руски ученици им испратија на своите врсници од Сирија 45 тони подароци за Нова Година, соопшти руското Министерство за одбрана.
- Ученици од Курската и Вологодската област собраа за своите сириски врсници, во рамки на акцијата „Децата од Русија - за децата на Сирија“, над илјада пакети со подароци, во кои освен традиционални изработки, картички и канцелариски предмети, имаше и сувенири, карактеристични за соодветните региони, истакна Министерството.
Во кампањата се вклучија ученици од Москва и други делови на Русија. Иницијатори на акцијата беа членови на движењето „Јунармија“ од Тулската област.
Подароците се пренесени на аеродромот „Чкаловскиј“, од каде беа транспортирани со воен авион до руската база „Хмејмим“ во Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
-
Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ
-
Извршен увид во Трубарево – четворицата осомничено добија уште 48 часа притвор
-
„Ниту една повеќе“- повик за протест на граѓанските организации
-
Обид за убиство во Струга
-
Пресудата за онкологот Мери Пешевска на 22 септември
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик од мерката „Училишна кошничка“