Во Африка досега заразени се 21.633 луѓе со Ковид-19, а 1.076 починале
На африканскиот континент од почетокот на пандемијата регистирани се 21.633 лица инфицирани со новиот коронавирус, од кои починале 1.076 луѓе, соопшти денеска Регионалната канцеларија на Светска здравствена организација за Африка.
Најголем број на заразени со Ковид-19 на континентот има во Јужноафриканска Република – 3.158 луѓе, од кои 54 починале.
Најголем број на смртни случаи од последици од новиот коронавирус регистриран е во Алжир, каде починале 357 луѓе од 2.625 инфицирани лица.
Во Египет регистрирани се 3.032 луѓе заразени со Ковид-19, од кои 224 починале. Додека во Мароко има 2.685 потврдени случаи на Ковид-19 и 137 смртни случаи.
Во Гана вирусот е потврден кај 1.042 луѓе, од кои деветмина починале, додека во Камерун има 1.016 заразени со новиот коронавирус и 21 смртен случај.
Додека Брегот на Слоновата Коска заразата е потврдена кај 847 луѓе, од кои деветмина починале.
Додека во најгусто населена држава во Африка, Нигерија нновиот коронавирус е потврден кај 541 човек, а 19 починале.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз