Контингент од 72 мексикански пожарникари се приклучи во гасењето на пожарите во Лос Анџелес
– Контингент од 72 мексикански пожарникари денеска им се придружија на американските колеги во борбата со шумските пожари кои беснеат во Лос Анџелес и Јужна Калифорнија.
Групата е составена од воени експерти, вклучувајќи лекари, инженери и персонал за пребарување и спасување, како и пожарникари од мексиканскиот еквивалент на Шумската служба на САД.
Во големите шумски пожари кои беснеат во областа на Лос Анџелес веќе една недела досега загинаа најмалку 24 луѓе и изгореа област со големина на главниот град на САД, Вашингтон.
Повеќе од 90,000 жители беа принудени да ги напуштат своите домови, а цели населби беа опустошени од пожарите.
Мексиканскиот тим ќе им се придружи на пожарникарите од седум држави и Канада во обид да ги стават пожарите под контрола.
– Тие сега се распоредени во пожарните области каде што ќе бидат вклучени во гаснењето на пожарот, во суштина работат како екипа за поддршка, рече Едвин Зунига, портпарол на Калифорниската противпожарна служба, Кал Фајр.
Затоа ќе работат на одржување и зајакнување на заштитната линија, а доколку има потреба и директно ќе се вклучат во гаснењето на пожарот, додаде тој.
Ново на Сител
-
Украдени четири романски древни артефакти што биле позајмени на холандски музеј
-
Во Берово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка
-
Јувентус заинтересиран за шпанскиот тренер Чави Ернандез
-
Барселона прва стигна до 100 гола: Напаѓачите на Флик најефикасни во Европа
-
Трамп не е 100 отсто сигурен дека не смее да се кандидира за трет мандат
-
На северот на Газа се вратија над 300.000 раселени Палестинци
-
Средба меѓу Зеленски и Макрон за безбедносната соработка и натамошната поддршка за Украина
-
Без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров