Во Африка 14.528 луѓе се инфицирани со новиот коронавирус
Бројот на инфицирани лица од Ковид-19 во Африка се искачи на 14.528, од кои 788 луѓе починаа, а 2.570 се излекувани, соопшти денеска Африканска Унија.
Од епидемијата со новиот коронавирус погодени се 52 од вкупно 54 африкански држави. Само во Лесото и Комори нема регистирано ниту еден случај со Ковид-19.
Најголем број на пациенти се регистрирани во северниот дел на Африка – 6.379 заразени, од кои 603 починале.
во Египет има 2.065 заразени и 159 смртни случаи, во Алжир – 1.914 инфицирани од кои 293 починале, додека во Мароко се заразени 1.661 лице, од кои 118 смртни случаи.
Во Јужноафриканса Република има најголем број на заразени и починати во јужниот дел од континентот односно 2.137 инфицирани и 25 починати.
Во западниот дел на Африка има 3.361 заразени и 84 смртни случаи, во источна Африка – 1.217 инфицирани и 28 смртни случаи, додека во централна Африка има 1.246 заразени и 38 починати.
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила