Во 4 сообраќајки во Скопје, полесно повредени двајца
Во текот на вчерашниот ден во Скопје и околината полицијата извршила увид на вкупно четири сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле две лица.
СВР - Скопје за МИА информира дека од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Меѓу санкционираните се пет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 8 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, а 11 возачи не се придржувале на ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци.
Санкционирани се и 15 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.
Санкционирани се и 4 возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.
Со помош на специјалното возило од наша страна во текот на изминатиот ден отстранети се 75 возила.
Во текот на вчерашниот ден Отсекот за превенција реализира сообраќајна поука на тема „Безбедност на пешаците“, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на Пешаци.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во Детската Градинка „11 Октомври “ објект „Бутел 1 “ истите се наоѓаат на подрачјето на општина Бутел.
Денеска Вработените во МЗТ Леарница АД Скопје со почеток во 12:00 часот ќе оддржат протест пред Собранието на РМ, Владата на РМ и Министерството за Правда во централното градско подрачје.
Денеска со почеток во 17:00 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките на СЕХА лигата ќе се одигра маѓународен ракометен натпревар помеѓу Ракометниот Клуб Металург и Мешков Брест.
Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот како и на овие вонредни настани, од наша страна ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување а по потреба и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44
-
Уапсен штипјанец кој ја нападнал сопругата со која се разведува
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите