Свет
18. јуни 2024 - 11:41

ОН: Во 2023 година за 72 проценти зголемен бројот на цивилни жртви во конфликтите ширум светот

Бројот на цивилни жртви во вооружените конфликти ширум светот минатата година се зголеми за 72 отсто, изјави денеска Високиот комесар за човекови права на ОН, Волкер Турк.

Тој посочи дека алармантно е зголемен бројот на убиени жени и деца во споредба со 2022 година.

Според податоците на ОН двојно е зголемен процентот на убиени жени во 2023 година, додека бројот на деца жртви е трипати поголем.