Во 17 сообраќајки во Скопје 14 повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле 17 сообраќајни незгоди од кои девет со последици материјална штета, пет се со телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле 14 лица. Во три незгоди со последици тешки телесни повреди се здобиле три лица.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, вчера по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Осум возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица за време на управување на моторните возила биле под дејство на алкохол, а тројца поминале на црвено светло на семафор. Десет возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон
Затекнати се и четворица возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не го носеле заштитниот шлем.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 50 возила.
Од СВР Сопје информираат дека во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе бидат реализирани едукативни работилници во Детската Градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ објект „Пепелашка“ која се наоѓат на подрачјето на општина Центар.
Ново на Сител
-
МВР: Претреси на три локации во село Гајре, едно лице задржано на информативен разговор за убистото во Тетово
-
Борел: Орбан ја претставува само Унгарија, а не и ЕУ, на самитот на туркофонските земји во Азербејџан
-
Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри
-
Демонстрации во Барселона против прекумерниот туризам
-
Жестоки борби во источна Украина, Русите напаѓаат се повеќе локации во Доњецк
-
Претседателот на Владата Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО
-
ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати и од нив активни утрово нема
-
Санкционирани 134 возачи во Скопје