-->
-->
Внимавајте на неколку патни правци низ Македонија
-->
Од утринава од седум часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Дебар преку Маврово поради врнежите од снег.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека врнежи од снег има и во Тетово, Маврово, Попова Шапка, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Железнец, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека.
Намалена видливост од 10 до 15 метри поради магла има на Попова Шапка.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поп Ацев е петтиот Македонец што го преплива Ла Манш
-
Сибиха: На Украина ѝ се потребни воени и дипломатски гаранции
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност