ВНИМАНИЕ: Проверете дали вашето дете ги има овие апликации на мобилниот!
Мобилниот телефон има безборј апликации за да го олеснат животот, но ако сте родител треба да обрнете внимание, бидејќи некои од нив колку наивно и да изгледаат, може да бидат опасни за детето.
Затоа посебно обрнете внимание на следните апликации
Tinder
Оваа апликација се користи за запознавање. Корисниците си ги оценуваат профилите едни на други и ги гледаат локациите на другите корисници. Секој ден се отвораат 450 милиони нови профили. Проблемот е во тоа што, возрасните лесно можат да ги најдат малолетните и оваа апликација често се користи за злоставување преку Интернет.
Snapchat
Со помош на оваа апликација, корисниците еден на друг си испраќаат фотографии и снимки на сите кои се на листата на пријатели. Тој што ги испраќа податоците може да одреди колку долго ќе биде достапна на примателот, по што се самоуништува. Проблемот е во тоа што, апликацијата често се користи за сексуално допишување. Многумина се прелажуваат, бидејќи ја сметаат дека е најсигурен начин, но многу фотографии и снимки од овде завршуваат на порнографски сајтови.
Blendr
Оваа апликација служи за запознавање на нови луѓе и преку неа се испраќаат фотографии, пораки, снимки кои потоа други ги оценуваат. Сексуалните манијаци лесно можат да стапат во контакт со малолетните, а малолетните да ги запознаат возрасните.
Kik Messenger
Оваа апликација се користи за допишување и сега ја користат повеќе од 100 милиони луѓе. Тие можат да разменуваат снимки и фотографии. Децата оваа апликација ја користат за испраќање на селфи на кои се разголени, а не постои добрa контрола на содржината, па до децата лесно можат да стигнат и повозрасни.
Whisper
Оваа апликација е за исповед. Со помош на неа, корисниците споделуваат фотографии, приказни, мисли. Оваа апликација го открива и местото на корисникот, иако се пишува анонимно. Без разлика на анонимноста, децата ставаат фотографии од други деца, а корисниците можат да комуницираат едни со други, врз основа на оддалеченоста. А, никогаш не се знае кој е на другата страна.
Ask.fm
Ова е една од најпопуларните социјални мрежи меѓу децата. На неа се поставуваат прашања до другите корисници и се даваат одговори на прашањата кои другите ги поставиле. Проблем е во тоа што, на оваа апликација децата често се здружуваат против друго дете и го понижуваат. Оваа апликација е поврзана со девет случаи на самоубиство во Америка и Велика Британија.
Мама365.мк
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка