Внатрешни органи и други остатоци од животни оставени покрај регионалниот пат М.Каменица – Делчево
Внатрешни органи и други остатоци од животни оставени фрлени во близина на градската депонија, покрај самиот регионален пат Македонска Каменица – Делчево. За случајот информираа од Јавното претпријатие ,,Камена Река”, од каде велат дека истите веднаш се дислоцирани од регионалниот пат.
-Денес добивме многу непријатно известување од наши екипи на терен за фрлени органи од животни покрај самиот регионален пат и градската депонија. Наши екипи задолжени за јавна чистота со вклучена крупна механизација излегоа на терен и просторот веќе е исчистен, истакнаа од ЈП ,,Камена Река”.
Оттаму апелираа на поголема совесност од страна на несовесните граѓани.
-Под итно апелираме да се престане со ваквите неодговорни дејства штетни за здравјето на граѓаните, јавната чистота и природата, додадоа од ЈП Камена Река.
Случајот како што дополнија е пријавен до надлежните органи.
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија