ВМРО:ДПМНЕ: Спасовски и СДСМ го нарушуваат угледот на земјата
Нивните лаги и манипулации почнаа да го уриваат угледот на државата и на меѓународно ниво, нанесувајќи непоправлива штета кај нашите партнери од глобалната коалиција за борба против тероризмот.
За да ги покрие скандалите, злоупотребите и криминалите во кои се фатени пријателите на Заев, вчера повторно беше злоупотребено Министерството за внатрешни работи за да се дезинформира јавноста со измислена голема полициска акција против терористи и радикали кои учествувале на боиштата во Сирија.
Вистината е дека МВР лажеше! Голема полициска акција немало!
Затоа Спасовски цел ден се криеше и немаше дополнителни информации кога и каде се приведени опасните радикали, за кои што беа обезбедени информации уште во рамки на операциите Келија 1 и 2, пред МВР да биде претворено во МВР - Турс.
Вистината ни ја открија денеска нашите партнери од Пентагон кои посочија дека Сириските Демократски Сили до јули заробиле 600 странски платеници од повеќе од 40 земји. Како што откриваат меѓународните медиуми, македонската полиција вчера немала никаква акција, туку била извршена само репатријација односно преземање на приведените македонски државјани на скопскиот аеродром.
ВМРО ДПМНЕ ја поздравува соработката со САД и останатите партнери од глобалната коалиција за борба против тероризмот, но најосторо ги осудува обидите за манипулација од страна на СДСМ и злоупотребата на институциите која што ја гледаме во моментов.
Со вакво срамно однесување на Оливер Спасовски и МВР, само се нарушува меѓународниот углед на државата.
Ваквото срамно однесување мора да престане.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
