ВМРО-Народна против идејата за промена на Законот за надворешни работи
ВМРО-Народна партија се спротивставува на идејата за промени во Законот за Надворешни работи со кој законски ќе се бара 80% од амбасадорите да бидат вработени во Министерството за Надворешни работи или т.н. дипломати од кариера.
ВМРО-Народна партија смета дека на тој начин се оневозможува достап до овие значајни места за видни и докажани личности од многу области: писатели, уметници, новинари, доктори, бивши министри па дури и академици.
Наспроти тоа ќе бидат фаворизирани само вработените во МНР кои пак ќе ни бидат претставени како експерти, а најголем дел од нив знаеме дека се вработени под чисто партиски клуч.
Впрочем не постои ниту една анализа од која можеме да видиме дека т.н. експерти имаат поуспешни резултати од амбасадорите кои се дојдени од други сфери.
ВМРО-Народна партија стравува дека на овој начин МНР ќе почне да наликува на една секта, недопирлива и затворена за надворешниот свет.
Затоа, ВМРО-Народна партија смета дека овие измени на Законот за Надворешни работи не треба да бидат прифатени.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка