ВМРО-ДПМНЕ:Ноторна лага е дека СДСМ е заинтересиран за чистење на одводните канали
Ноторна лага е дека СДСМ е заинтересиран за чистење на одводните канали и безбедноста на граѓаните и нивниот имот, стои во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Дамјан Манчевски и Љупчо Николовски.
Според партијата, јавноста дознала дека СДСМ со години е против одделувањето општински пари за чистење на одводните канали. - Советниците на СДСМ со години не гласале за субвенционираното чистење на одводните канали во корист на граѓаните кои имаат земјоделско земјиште и барале повлекување на точките од дневниот ред, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека откако јавноста дознала за срамниот став на СДСМ да не се помага чистењето на одводните канали, тие сакаат очајно да го покријат срамот со вакви обиди, како што велат, за ефтин медиумски циркуз.
- Денешната изјава е само уште една епизода од некрофилските сценарија на СДСМ и злоупотреба на трагедијата на граѓаните. Улогата на портпароли на Фабриките за афери на СДСМ денес им се падна на Дамјан Манчевски и Љупчо Николовски, се наведува во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат Манчевски, Николовски и останатите во СДСМ да и одговорат на јавноста зошто СДСМ со години е против субвенциите за чистење на одводните канали во Гази Баба, зошто молчат за проектирањето на обиколницата, зошто СДСМ го ликвидираше Водостопанство во 2005 година, со што предизвика повеќегодишна неможност да се одржуваат и чистат каналите...
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат по колку километри атмосферска канализација направиле градоначалниците во Куманово, Струмица и Центар.
Ново на Сител
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
-
Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ
-
Извршен увид во Трубарево – четворицата осомничено добија уште 48 часа притвор
-
„Ниту една повеќе“- повик за протест на граѓанските организации
-
Обид за убиство во Струга
-
Пресудата за онкологот Мери Пешевска на 22 септември
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик од мерката „Училишна кошничка“