ВМРО - ДПМНЕ:Ад-хок телото има целосна поддршка да го избере најдобриот кандидат
Ад-хок телото за следење на медиумскопто претставување ја има целосната поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за да го избере најдобриот кандидат, но не смее да подлегне на притисоци од Зоран Заев, соопшти денеска ВМРО - ДПМНЕ.
ВМРО - ДПМНЕ во соопштението посочува дека деструкцијата нема иднина во Македонија.
- Како што наближуваат изборите, така се зголемува стравот на СДСМ од соочување со вољата на народот и плаќањето на казната за своето деструктивно делување. Со секој поминат ден, се подраматични стануваат обидите да се блокираат изборите и излезот од кризата. Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека доколку не постои криза во Македонија, тој и СДСМ немаат ништо конструктивно да им понудат на граѓаните. Единствениот проект на СДСМ е деструктивната политика, лагите, фабрикациите и одржувањето на земјата во што подолга состојба на агонија, се вели меѓу другото во соопштението од ВМРО - ДПМНЕ во врска со ад-хок телото за следење на медиумското претставување.
Според ВМРО-ДПМНЕ, да сакала СДСМ слободни и фер медиуми, немало да бара да го назначува главниот уредник на информативната редакција на МТВ.
- Немаше да бара централно цензорско тело кое ќе кажува што е добар, а што лош новинарски став или мисла. СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку целосна контрола врз медиумите, стои во соопштението од ВМРО - ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен