ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев, никогаш повеќе
Зоран Заев, никогаш повеќе!
Македонија и македонскиот народ не заслужуваат веќе таков криминоген лик и патолошки измамник да ја води земјата и да се бави со политика.
На криминалците им е местото зад решетки, а не во Влада или во Собрание.
Зоран Заев конечно поднесува оставка и заминува од местото кое го узурпираше без да победи на избори.
Зоран Заев конечно заминува од позицијата од која и нанесе огромни штети на Македонија.
Три години Македонија е жртва на криминално рекетарската банда на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев. Македонските граѓани никогаш повторно не смее да бидат жртви на криминалот, корупција, неработата и неспособноста.
Единствен успех на Заев во овие три години е тоа што преку своите слуги во судството успеа да си обезбеди амнестија и за барањето поткуп „Евро за црквата – евро за Вице”.
МВР го претвори во партиска испостава на СДСМ. Речиси и да немаше ден кога по улиците ширум државата немаше престрелка или запалено возило, а неговиот послушник Спасовски наместо граѓаните ги штитеше криминалците.
Економијата го допре дното. Тоа го потврдија и странските и домашните бизнисмени. Реализацијата на капиталните инвестиции беше очајна, а дури 500 илјади граѓани го поминуваа денот со еден оброк. Овие луѓе беа заборавени од власта.
Македонското образование беше клекнато на колена и се најде на дното во Европа. Здравството беше доведено пред колапс, бидејќи Заев и Филипче повеќе ги интересираа криминалните тендери отколку здравјето на граѓаните. здравствените работници повеќе време поминаа на улиците протестирајќи отколку на своите работни места.
Времето на Зоран Заев заврши, дојде крајот на поразите и срамот на кои овој човек е олицетворение. Доаѓа време на власт од народот и за народот. Доаѓа време за обнова на Република Македонија. Ова зло никогаш да не се повтори.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот