ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев ги корумпира, злоупотребува и врши притисок врз медиумите во Македонија
Медиумите под контрола на Зоран Заев изминативе неколку денови во повеќе наврати се фатени „живи“ како шират лажни вести по нарачка од СДСМ кои се во паника од претстојниот изборен пораз .
Зоран Заев ги злоупотребува медиумите, а Македонија е жртва на хибриден режим.
1ТВ за која и Заев тврдеше дека е провладина беше претворена во алатка за рекет, политички притисок и изнудување на милиони евра од бизнисмени. Целата јавност слушна дека Зоран Заев знаел и за сумите и за лицата кои се рекетираат, а стоел зад финансирањето на медиумот преку кој работеа неговите соработници Катица Јанева и Боки 13.
МВР и ОЈО по наредба на Оливер Спасовски и Зоран Заев вршеа претрес во „Нет Пресс“ само поради објава на скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал од страна на висок функционер од Владата на СДСМ. Тоа го изведоа додека медиумите протестираа пред ОЈО против притисоците врз новинарите и медиумите.
Кривичните пријави и политичкиот прогон против уредникот на „Инфомакс“ Александар Митовски, новинарот и уредникот на „Лидер“ Љупчо Златев, против новинарот Горан Момировски и телевизија Алфа се јасен показател дека власта се плаши од вистината и од правдата во Република Македонија.
Овој хибриден режим заедно со СДСМ и Заев на 12-ти април ќе паднат од власт. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја ослободи Македонија и медиумите од режимот на Заев.
ВМРО ДПМНЕ ги повикува чесните и професионални обвинители да се охрабрат и да отворат предмет за улогата на Зоран Заев во случајот „Рекет“ и неговата инволвираност во финансирањето и активностите на рекетарската 1ТВ.
Ново на Сител
-
Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор
-
Николоски: Договорот со Велика Британија целосно ќе не трансформира како држава
-
Вучиќ со порака од собир во Ниш: Не ме интересираат вашите барања, тоа е завршена приказна
-
Илјадници жители евакуирани во северна Аргентина поради големи поплави
-
Шкендија со порaз oд Силекс слави титула во ПМФЛ
-
Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник
-
Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси