Loading Video...
Македонија
17. May 2025 - 16:39

Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори

Вреди е игнорирана во Владата, а Алијанса на Албанците не е навиканата да биде само декор, коментира лидерот на ова крило на партијата Тарвари за тоа зошто ја напуштил владејачклата коалиција. Таравари кој пред два дена поднесе оставка од министерскатата позиција, за албанската телевизија МЦН, вели дека коалицијата составена од 4 партии не функцинирала добро, што било користено од владејчката ВМРО-ДПМНЕ. 

„Ние како АА не сме навикнати да бидеме во Владата и да бидеме само декор. Затоа решивме да одиме во опозиција и да се вратиме кај граѓаните и да разговараме со нив, со цел да се подготвиме за локалните избори што треба да се одржат во октомври оваа година. 5 месеци сме пред локалните избори и мислам дека партијата треба да се мобилизира бидејќи за нас е многу важно да извојуваме победа.“

Но, додека Таравари вели дека е надвор од Владата, вицепремиерот Фетаи кој доаѓа од неговите редови се уште седи во кабиентот на Мицкоски. Тој денеска е на средба со Курти, кој важи за поддржувач на Вреди во Македонија.

“Во зората на овој ден, заедно со некои блиски пријатели од Алијансата за Албанците, тргнавме по патот кон Приштина, поминувајќи го автопатот „Арбен Џафери“, пат кој за нас не е само инфраструктура, туку симбол на нашата духовна и национална врска“, напиша Фетаи на Фејсбук. 

Лидерот на ДУИ Али Ахмети пак, охрабрен од потегот на Таравари да ја напушти владината коиција, и понaтаму со националистички пораки во обид за гласови за локалните избори. 

Јавно му се обраќам на Христијан Мицкоски со барање да им објасни на албанските граѓани: Зошто го менува Законот за употреба на јазиците? Зошто го менува Охридскиот Мировен Договор? Зошто го загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на државата?“ Оваа држава повеќе не може да се води од само една страна. Не е во ничиј интерес да се загрози соживотот. Оние што му служат на злото, не можат да бидат наши партнери!. Нѐ држеа потиснати, исплашени, протерани – но тоа заврши. Денес, Албанците имаат три универзитети и илјадници професионални кадри. Ниту една сила не може да ја сопре оваа реалност!“

Од владејачката Вреди пак, порачуваат дека времето на Али Ахмети е завршено, а промените се помоќни од кога било.

„Али Ахмети и ДУИ го доживуваат својот политички крај. Откако ги уништи сите столбови на албанската вера преку корупција, заробување на државата и пазарење со моќ, денес се обидува по секоја цена да се спаси, дури и користејќи го како алатка секој поединец кој отстапил од патот на промените.

Во оваа мизерна шема, употребата на Арбен Таравари не е ништо повеќе од најнов обид да се создаде димна завеса, да се одвлече вниманието од падот на ДУИ и тешките одговорности што ги носи нејзиниот лидер. Таравари избра да стане дел од овој план, но тој не е ниту донесување одлуки ниту централен, тој е само алатка фрлена на масата на очајна политика. Но, Албанците повеќе не се залажуваат“, коментираат од Вреди, упатувајќи апел до како што велат „разочараните“ Албанци  да им се придружат.