Македонија
8. November 2022 - 14:50

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од циркузот на Арсовска

Згрозени сме од недоличното однесување на Данела Арсовска, која како градоначалник, наместо како пример за добро однесување и управување е пример како не смее да се однесува јавен функционер.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ го поддржува правото Славески да го спроведува деловникот дословно.

На Македонската јавност и е преку глава од циркузот кој го организира власта, па згора на се сега треба да го гледа и циркузот во режија на Арсовска.

Да посветуваше толку внимание на работа и проекти, немаше Скопје да биде руиниран град.

ВМРО-ДПМНЕ не сака и не е да биде дел од циркузот на Арсовска.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ