Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
Борбата против корупцијата и организираниот криминал, но и реформите во правосудството се областите каде Македонија не бележи напредок, или пак, бележи многу мал во изминатава година, измериле од Европската комисија во последниот Извештај за напредокот во интеграциите објавен денеска. Во извештајот се нотира дека државата постојано ја истакнува својата политичка посветност да напредува во преговорите со ЕУ, но и дека треба да преземе решителни чекори и за реформите и за почеток на преговорите.
„Меѓупартиската соработка е од суштинско значење за забрзано спроведување на реформите поврзани со Европската Унија, во интерес на граѓаните И покрај обидите, досега не е постигнат напредок во донесувањето на уставните измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и се дел од другите народи, како Бугарите, како што е наведено во заклучоците на Советот на Европа од 18 јули 2022 година, на кои земјата се обврза да ги преземе”
Иако авторитете во Брисел констатирале дека земјата одржува добри односи со другите држави и учествува во регионалните инцијативи, тие бараат псотојните билатерални договорри, Договорот од Преспа со Грција и договорот за добрососедство со Бугарија да се спроведат во добра волја.
Во делот на реформите со правосудството Европската комсија бара да се ревидира законската рамка за Судскиот совет и да се зајакне неговата транспаретност и независност. Сепак, Брисел изразува загриженост околу најавите за можно распуштање на судскиот и на обвинителскиот совет. За поефикасна борба против корупцијата се криткуваат последните измени на кривичниот законик, а дури се предлага да се донесе нов Кривичен законик, со имплементација на препораките на ГРЕКО.
И покрај забелешките и одвојување на Македонија од Албанија на евроинтегративниот пат, од Брисел велат проширувањето останува приоритет.
Извештајот попладнево новиот евроамабсадор Рокас го предаде и на македонските власти, претседателката Силјановска, собранискиот спикер Гаши, и на премиерот Мицкоски.
Премиерот вели дека Извештајот е реална слика на состојбите, но и дека новата влада нема да отстапи од реформите.
„Детектиран е добар или одреден напредок во некои области, но и ограничен или недоволен односно нема никаков напредок во повеќе други области и теми од Европското законодавство и стандарди. Она што ме охрабрува е што и во овој кус период на новата Влада, Европската комисија ги препознава напорите за борбата против корупцијата, нешто што не беше случај во минатиот извештај. … Не’ очекува уште многу работа, сите нас, бидејќи реформите и европскиот пат се долгорочен и сеопфатен процес. Затоа ве уверувам дека ние како нова Влада работиме интензивно и посветено за подобрување на состојбите во сите области, особено во оние области на живеење каде проблемите и слабостите на системот се најголеми. За тоа ни е потребен ангажман од сите нивоа на власт- извршната, но и законодавната и судската, како и од нашата администрација, и останатите чинители во општеството - приватниот сектор, граѓанското општество, академската заедница..“
Европската комисија секоја година во октомври доставува извештај за напредокот на државите кандидатки за членство во Европската унија.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар