Македонија
11. January 2022 - 9:10

ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособноста на владата половина Скопје е без редовно греење

Заради неспособноста на владата цената на парното се зголеми и половина Скопје е без редовно греење.

Кога сите земји во светот и регионот преговараа за снабдување со гас на нивните држави и економии, владата на Заев и пиунот Ковачевски во која тој раководеше во министерството за финансии не презема ништо.

Владата на Заев и пиунот Ковачевски не остави и без струја, затоа што наместо во РЕК да се копа јаглен на време, се распишуваа тендери за да вртат нечии камиони и да се полнат нечии џебови. И затоа сега имаме и поскапа струја.

Заев и пиунот Ковачевски ги доведоа граѓаните во крајна неизвесност и со угаснати радијатори во сред зима.

Пиунот Ковачевски нема легитимитет за формирање на влада, бидејќи тој е дел од причината за сите катастрофи кои и се случија до сега на Македонија.

Единствен начин за излез од кризата се предвремени парламентарни избори час поскоро.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ