ВМРО-ДПМНЕ: Законот што СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците
Нема крај на лицемерието на СДСМ, владејачкото мнозинство го одби амандманот на законот за минимална плата на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и владејачкото мнозинство искрено да се грижеа за покачувањето на платите на наставниците и професорите, ќе го усвоеја амандманот кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ преку амандманот побара да се усогласат платите во јавниот сектор со минималната плата и да дојде со коефициентот на сложеност на работните места. Со ова ќе се испочитува и Колективниот договор во образованието, а наставниците и професорите ќе добиеја поголема плата, до 45 илјади денари.
Тензиите кои ги исценира СДСМ во комисијата за образование и наука во Собранието се со цел да се протне на мала врата закон за партизација на образовниот кадар во училиштата, а не како што сакат да прикажат- грижа за наставниците.
Законот кој СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците, туку целосна партизација во образованието.
Лажната грижа на СДСМ за просветните работници и административниот кадар во образованието излезе на виделина.
СДСМ и администраторот Ковачевски се против подобрување на стандардот на граѓаните. Тие единствено мислат за нивно лично богатење, а не на поквалитетен и подобар живот на граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
-

Стартува Безбеден град во Охрид
-

СДСМ: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и ги убедува граѓаните дека живеат подобро
-

ВМРО-ДПМНЕ: На анкетите јасно се гледа дека Филипче има рејтинг од 3%
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
