ВМРО-ДПМНЕ: Заев со пописот ќе ја турне Македонија во епидемиски пожар
За власта на Заев е нормално да организира попис среде епидемија во која само од почетокот на месец март има над 17 илјади нови заболени и скоро 400 починати од КОВИД-19. Во услови кога речиси сите европски земји ги одложија своите пописи, владата на Заев ќе организира попис со над 15 илјади активни случаи на заразени.
Заев ја турка Македонија во епидемиски неконтролиран пожар, само заради каприц и политички хир. Ова веќе не е статистичка туку политичка операција на Заев кој е тотално одлепен од реалноста.
Уште еднаш да предупредиме дека 5.500 попишувачи, ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. Голем број од нив може да бидат асимптоматски, а да заразат хронично болни или стари луѓе, по што последиците по тие луѓе ќе бидат фатални.
Ако Зоран Заев е спремен и по цена над две илјади изгубени животи да оди на попис, Македонија не е.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Мицкоски го потврди задоволството од Тиват
-

Нови планови за нов клинички
-

Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза
-

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
-

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани
-

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
-

Општина Кратово: Локалитетот „Куклица“ е узурпиран, се чека правосилна судска одлука
-

79-годишен Индиец починал во паркот „Жена борец“
