ВМРО-ДПМНЕ: Заев призна дека директно е вмешан во истрагата за ужасот во Тетово
Заев не смета дека Филипче има морална одговорност, тогаш тој прејудицира дека нема ниту кривична одговорност.
Венко Филипче има најмалку морална одговорност за траорната несреќа која се случи во Тетово и во која животот го загубија 14 наши сограѓани. Токму затоа оставката е неопходна.
Оставките не треба да застанат со Филипче. За да може да се спроведе непристрасна и независна истрага за случајот потребни се оставки и од Артан Груби и од Зоран Заев.
Само со оставки на Филипче, Груби и Заев ќе имаме непристрасна истрага, од која ќе се утврди и вина.
Заев призна дека директно е вмешан во истрагата за ужасот во Тетово, затоа мора да си поднесат оставки и да ја ослободат истрагата
Патот е јасен. Оставки на Филипче, Груби и Заев, па непристрасна истрага, и на крај кривична одговорност.
Не може 14 луѓе живи да изгорат, а никој од власта да не е виновен за ништо.
Одговорност мора да има. Зошто ако сега се премолчи, слични или полоши ситуации може да ни се случуваат повторно.
Да не дозволиме неказнивоста да стане правило. Време е за одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
