ВМРО-ДПМНЕ: Заев ништо не сфатил, тој само лаже за да може да продолжи да краде
Колку пати Заев тврдеше дека ја разбрал пораката, за на крај да излаже за да краде?
Заев тврдеше дека ја разбрал пораката во 2019 година, кога доби и метла во метафоричка смисла да се реформира. Не само што не се реформираше, туку му се случија Ден Дончев и туцето пари, Рашковски и местените тендери, криминалите во РЕК, и наместо во затвор сите се на слобода.
Заев тврдеше дека ја разбрал пораката и во 2020 година. Но што се случи? Тргнаа со Филипче по провизии од вакцини, исчезна името на Вице од кривична пријава за рекет во РЕК.
Заев тврдеше дека ја сфатил пораката на народот и во 2021 година. Но што се случи потоа. Му изгореа 14 луѓе живи, а наместо одговорност од Филипче тој рече дека кабелот е виновен.
Заев три пати лаже дека ја разбрал пораката, а за ниту еден криминал нема одговорност.
Заев не си стои до зборот. Заев три пати лаже. Лаже и сега. Заев ништо не сфатил. Тој само лаже за да може да продолжи да краде.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила
-
Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција