ВМРО-ДПМНЕ: Заев на митинг во автомобил од 100 илјади евра, а народот трпи за леб
Заев на митинг во автомобил од 100 илјади евра, а народот трпи за леб.
100.000 евра, колку што чини новото возило на Заев, се пари со кои можат да се купат 2 нови болнички возила за лекарите да не ни ги носат пациентите во раце по планини.
100.000 евра, се пари со кои може да се купи едно противпожарно возило за да не мора Јоцо Манго од Струмица да го вози Фапот стар над 40 години, а тие кои што го чекаат да се молат да заврне дожд и да го изгасне пожарот зошто возилото нема да дојде.
Заев за 100.000 евра колку што платил за новиот автомобил можел да набави 5000 таблети за учениците, и со тоа ќе имало насмевка на чицата на 5.000 дечиња.
100.000 евра колку што чини возилот на Заев се над 250.000 броја леб.
100.000 евра колку што чини новото возило на Заев се неколку операции за некои наши сограѓани кои собираат пари преки донации.
Ароганцијата на Заев е видлива. Надменоста со која гледа над народот ќе му се удри од глава. На 17 октомври народот ќе му го каже одговорот на прашањето што мисли додека тој нема леб да јаде Заев да се вози во луксузни лимузини.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Зоран Крстевски, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Мицкоски: Пред 33 години битката беше да се исправиме на нозе, денес за големи чекори
-
Честитки од политичките партии по повод независноста
-
По три години од пожарот во тетовската модуларна болница, одговорност се уште нема
-
За една недела 25 заболени од голема кашлица, хоспитализирани пет деца
-
Минчев: Балансерот се уште на сила, ќе се разговара за укинување
-
Аерозагадувањето треба да се следи и во лето
-
ЈП „Исар“ – Штип во првите 6 месеци од годината со загуба од 4,8 милиони денари