ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја задолжи државата за нови 2,4 милијарди евра
Вчера Заев не задолжи за нови 44 милиони евра. Долгот надмина 7 милијарди евра, Заев успеа за 4 години да го зголеми долгот на државата за над 2.4 милијарди евра.
СДСМ го презеде управувањето на државата со состојба на долг околу 4.8 милијарди евра, за 4 години направи нов долг од дополнителни 2.4 милијарди, со што долгот сега е 7.2 милијарди.
Долгот денеска е 50% поголем од тоа што беше пред 4 години.
Заев за 4 години направи долг со кој процентот на долгот од БДП изнесува фрапантни 62.5% и се ближи кон процентот со кој веќе државата ќе ја има под знак прашање способноста за редовно сервисирање.
Проблемот не е само во долгот кој Заев го создал, туку дотолку повеќе во тоа што со позајмените пари нема направено ништо. Ниту еден проект, ниту една капитална инвестиција. Се позајми милијарда и рече дека ќе даде 850 милиони евра во мерки кон граѓаните и стопанството, а нема исплатено повеќе од 350 милиони евра.
Ветуваше автопати, патишта, железници и што ли уште не, се задолжуваше без престан, а ништо од тоа што го вети не го реализира.
4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа
-
Дали градинките не треба да примаат родители на завршните приредби поради голема кашлица?
-
Македонските водичи бараат поголеми контроли од инспекторите
-
Националната мрежа на земјоделци бара системски решенија за македонскиот аграр