Македонија
18. March 2016 - 18:39

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја поништи ДИК

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев посочува дека тој потврдил дека медиумите под негова контрола два дена оркестрирано шират невистини и ја манипулираат македонската јавност околу бројот на лица кои СДСМ ги прогласи за фантоми.

- Зоран Заев е главниот инспиратот на црното сценарио за фантомизација на цела Македонија, кое вчера се обидоа да го спроведат медиумите на СОРОС и СДСМ. Денес предизвика уште еден скандал. Со неговата изјава, ја поништи Државната изборна комисија и си зеде за право да одлучува и да говори во нејзино име. Наместо ДИК, Заев зборуваше кои граѓани треба да бидат прогласени за спорни, кои треба да се прогласат за фантоми, па дури и за тоа кои граѓани треба да се избришат од избирачкиот список, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ДИК е таа што носи одлуки околу прочистувањето на Избирачкиот список, а не Заев, стои во соопштението, и се апелира до граѓаните да не подлегнуваат на лагите и фабрикувањата кои ќе ги лиферува СДСМ и нивните медиуми, бидејќи нивната крајна цел е провидна да создадат хаос и тензии во кои единствено знаат да функционираат.

Заев, според ВМРО-ДПМНЕ, е срам за Република Македонија и граѓаните ваквото негово неодговорно и несериозно однесување ќе го казнат на изборите на 5 јуни.