ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја покажа намерата за редефинирање на државата
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оцени дека најавата од претседателот на СДСМ Зоран Заев за дебата во однос на платформата на албанските партии ја покажала неговата намера за редефинирање на државата.
- Обидот на Зоран Заев да манипулира со јавноста и да ја потценува интелегенцијата на граѓаните е неуспешен. Тој во сопствен стил, конфузно се обиде да најави дека ако го добие мандатот ќе продолжи да дебатира по точките од тиранската платформа, за воведување двојазични банкноти и монети, двојазични униформи, прогласување геноцид, промена на државните симболи и слично. Ова ја покажува всушност намерата на Зоран Заев, која претходно ја најавуваа и т.н експерти од СДСМ, преку наводни дебати и консултации на партиски експерти, па дури и странска помош, да подготват редефинирање на државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, револтот на граѓаните е се поголем заради неискреноста на претседателот на СДСМ, гласале едно на изборите, а сосема друго добиле со, како што наведуваат, тиранската платформа од која како што гледаме Заев не се откажува“.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува Заев да се откаже од платформата или да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните.
- Го охрабруваме Зоран Заев уште еднаш да се откаже од уцената. Зоран Заев нека се откаже јасно и гласно од тиранската платформа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за малцинска влада. Втората опција која му стои на располагање е да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните каде граѓаните ќе може демократски да изберат програма, платформа, вклучително и онаа од Тирана, доколку во неа верува Зоран Заев, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Протест на вработени во ЈП „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15
-
Скопјани утрово дишат најзагаден воздух во Европа
-
Најстудено утрово во Берово, најтопло во Дебар
-
Препораки од ИЈЗ за граѓаните за најавениот прекин на вода во Скопје
-
Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци, откажан летот Скопје – Истанбул
-
Мицкоски: Aко билатералните разговори се однесуваат на идентитетски прашања процесот не може да заврши успешно
-
Најмалку две лица повредени во ракетни удари врз Киев
-
Стејт департмент: Американски претставници пристигнаа во Сирија за да разговараат директно со новите власти