ВМРО-ДПМНЕ: Заев е уценет и исплашен
ВМРО-ДПМНЕ ниту барало амнестија, ниту има причина да бара амнестија и секогаш било на страна на народот и државата. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Заев, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешното интервју на претседателот на СДСМ Зоран Заев за „Дојче Веле“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев е уценет и исплашен дека ќе мора да одговара за криминалите што ги правел, не може да сфати дека некој искрено ја сака Македонија и оти некој искрено и чесно се бори за одбрана на државните и национални интереси. Кај него се е предмет на пазарење и преговарање. Затоа Заев лаже и клевети, посочува ВМРО-ДПМНЕ.
Заев, наведуваат, освен што ги измами граѓаните, освен што ја погази волјата на граѓаните, освен што ги погази Уставот, Деловникот и законите, освен што нареди да се пука по граѓаните, систематски работи на распродажба на државните и националните интереси само за да се добере до власт.
- Неговата деструктивност нема да му помине. Нема да му помине ниту заплашувањето на граѓаните со приведување на недолжни луѓе. За ова тероризирање на сопствениот народ, криминалецот Заев ќе одговара. Револтот на народот од неодговорната и антидржавна политика на криминалецот Заев расте. Тој од една страна постојано го игнорира и омаловажува барањето на народот, а од друга страна постојано со своите недемократски, незаконски и антидржавни потези го провоцира, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ апелира до граѓаните да не потпаѓаат, како што наведува, „под лагите и провокациите на овој хроничен лажго, бидејќи тоа е дел од сценариото кое Заев треба да го спроведе, а го обмислиле надворешни центри кои не и мислат добро на Македонија и на народот“.
- Граѓаните имаат право на изразување на револт и тоа да го прават достоинствено и демократски. Тоа е најсилната одбрана од оваа антидржавна структура во СДС, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам