ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствениот политичар во светот кој го сменил името на својата земја и се откажал од идентитетот на својот народ
Зоран Заев е најголемото оружjе што досега го имала грчката страна во преговорите за името, ова преку соопштение до јавноста го истакнаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев со овој договор прави три големи работи кои создацаат неповратна штета. Со договорот се бирише името Македонија, се менува уставот, и се загрозува идентитетот македонец и македонско. Ова е капитулантски договор со кој Заев се гордее, а со кој ќе се срамат стотици генерации во иднина. Македонија не заслужува да згасне на нечесен начин, поради скриени сомнителни интереси на Зоран Заев кој бесрамно распродава нешто што не е за продавање. Не се виновни претходните генерации што ние денес живееме во Македонија, тие се наша гордост, но ако се откажеме од нив ние ќе бидеме нивниот срам. ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на овој капитулантски договор, потенцираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека ова е договор со кој во сто проценти се исполнуваат сите грчки барања. Со договорот Македонија се обезличува, се менува нејзиниот идентитет.
-Зоран Заев е единствениот политичар во Светот кој го сменил името на својата земја, и се откажал од идентитетот на својот народ. Со ова Заев се става во темната страна на историјата на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, незадоволни од капитулацијата на Зоран Заев, незадоволни од договорот кој го постигнал со Ципрас, незадоволни од економското цунами и пустош на владата на СДСМ да ни се приклучат во протесниот марш во Битола. Протестот ќе започне во 13:30 часот, собирното место е пред спортската сала во Битола, низ Широк Сокак се до плоштадот Гоце Делчев пред Домот на културата. Ова е можност да се покаже подготвеност и несогласување со недржавничките и поразителни политики на оваа влада предводена од Заев која освен штета не направи ништо корисно за Република Македонија, стои во соопштението на партијата.
Ново на Сител
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички