ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се охрабри и да излезе на дебата
Не е храброст да го промениш името, идентитетот, Уставот и јазикот на Македонија, туку кулавичлук. Заев треба да се охрабри и да излезе на дебата.
Зоран Заев ги повторува истите лаги секаде, а нема аргументи за губењето на институционалниот идентитет, македонската култура, историја и традиција.
Срамно и скандалозно е премиер на држава како Македонија да зборува дека му треба камшикар за да го среди македонскиот народ. Таквиот став е директна навреда и потценување за македонскиот народ. Ниту некој го камшикувал, ниту некој ќе го камшикува македонскиот народ, ниту во минатото, ниту тоа ќе биде случај во иднината.
Зоран Заев во недостиг на аргументи за договорот со Грција бега од дебата за истиот, знаејќи дека нема како да ги одбрани продавањето на државните и националните интереси.
Договорот е капитулантски, со него се откажуваме со сите Македонци и од се што е македонско и затоа за ВМРО-ДПМНЕ овој договор ниту е, ниту ќе биде прифатлив.
Заев каде и да стигне лажно ги поистоветува македонските евроинтеграции со прифаќање на капитулантскиот договор и промена на името на државата, а воедно и го погани името на Европската Унија изедначувајќи го со неговиот криминоген начин на работење.
Заев и неговиот картел немаат ниту е од европски вредности, а референдумот за промена на името на државата го користат за да го затскријат милионскиот грабеж кој моментално и го приредуваат на Република Македонија.
Во ЕУ не се оди со наместени тендери кои ги добиваат новоотворени фирми специјално за да го добијат тендерот.
Во ЕУ не се оди ни со наместени грантови од Фондот за иновации кои ги добиваат партиски активисти и роднини на функционери од Владата на СДСМ.
Во ЕУ не се оди со закани и уцени врз вработените во државните институции со заплашување дека се прислушкувани и следени.
Во ЕУ се оди со работа и со принципи кои што Зоран Заев и неговата Влада не ги поседуваат.
Токму затоа Зоран Заев наместо декларативно и лажно да се залага за ЕУ, треба веднаш да си замине од власт пред штетата која и ја нанесува на Македонија да биде ненадоместлива.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори, но не прецизираше датум
-
СЗО: Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна
-
Жител на тетовско осомничен за задоволување полови страсти на јавно место
-
Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови - Дебар
-
Кривична за четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура
-
Приведени две лица од Неготино, одзеле 30.000 евра од дом на брачен пар
-
Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа
-
76-годишна жена измамена за 20.000 евра - и кажале дека ќерка и била прегазена, биле потребни пари за операција